Охриѓанецот Раде Данески е победник во третата епта од акцијата на Sport Life „До 50 шанси за 100.000“ и си освои 100 илјади денари. Раде на својот тикет погоди дури 45 натпревари од 50, со вкупна квота од 521.812,95.
Второто и третото место го освоија Благоја В. и Миле С. со по 44 погодени натпревари и си добија ваучери за играње во Sport Life во текот на целиот месец.
Раде на добитниот тикет од „До 50 шанси за 100.000“ имаше одиграно само фудбалски натпревари, но вели: “Најчесто играм хокеј и фудбал. На овој тикет тактиката ми беше само квотата да исполнува услов за учество во наградната игра, односно да биде над 1.25. Кога уплаќам секогаш правам анализа на натпреварите. Кој во каква форма е, дали недостасуваат некои играчи. Инаку ги играм сите игри, секогаш мешам.“
Раде е редовен играч во Sport Life и учествува во сите акциски понуди, но често знае да погоди добитен тикет со убава добивка.
– “Од првиот ден играм само во Sport Life, редовен сум во уплатното место “Автобуска“ во Охрид. Најчесто сум прв во Типстер Купот и имам освојувано ваучери. Имам погодено и неколку тикети со добивка над 30.000 денари, а најголемата сума што сум ја добил е 70.000 денари, но секогаш уплаќам со мала сума. Секако, сега оваа добивка од 100.000 денари ми е рекорд.“
Сите детали околу оваа акциска понуда на Sport Life можете да ги најдете ТУКА.