Во предновогодишната еуфорија, еден обложувач од Скопје уплати ретко виден тикет, кој е добитен. Само со три натпревари успеа да креира вкупен коефициент од 632,94 и на уплата од минимални 20 денари, си заработи 10.763 денари.
Тактиката е едноставна. Одиграни биле три меча, кои се одиграа во Чемпионшип на Англија, а погодени се три точни резултати.
Милвол со 2:1 славеше над Бристол, а квотата за точен резултат беше 10,2. Со ист резултат од 2:1 заврши и мечот меѓу Вест Бромич албион и Квинс парк, а интересно е дека веќе во 55-тата минута беа постигнати сите три погодоци и потоа, до крајот на средбата, мрежите мируваа.
На дербито меѓу Бирмингам и Саутхемптон немаше победник и заврши со резултат 1:1, а погодена е квотата со 6.50. Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме, што беше токму како што типувал обложувачот кој тикетот го уплатил во Сопиште.


