Погодокот на Мане против Блекпул е доказ дека „кога сака, сака“ (Видео)

Кога топката сака да влезе во гол, тогаш ништо не може да ја спречи. Таков случај имаше на денешниот пријателски меч помеѓу Ливерпул и Блекпул. При водство на Блекпул, Садио Мане во 52 минута даде гол за 2-2, а потоа Црвените постигнаа уште пет гола, па средбата заврши со преубедливи 7-2 за англискиот шампион.

Голманот на Блекпул одбрани шут, топката се врати кај Мане, кој ја погоди пречката, но таа пак му се врати, и Сенегалецот не можеше да погреши и по трети пат.

Ова е голот кој го уништи моралот на Блекпул:

https://www.youtube.com/watch?v=UwHKQKSHu0U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести