Поголеми шанси има Интер да победи на пенали, отколку Сити да се радува по ударите од белата точка

Манчестер сити е голем фаворит за победа во финалето од Лигата на шампиони против Интер, но не секогаш победува тој што е фаворит. За сите оние кои сакаат финалето да им биде уште повозбудливо за гледање, се погрижи Специјалниот сингл во Sport Life.

Голем број на игри има за дуелот во Истанбул, а според квотите, многу веројатно е дека некој фудбалер на Сити ќе биде стрелец на првиот гол на средбата. Ерлинг Халанд е главен адут, а тука се и Алварес, Марез, Де Брујне, Фоден… Кај Интер прва опција за гол е Лаутаро Мартинез, а потоа следуваат Един Џеко, Ромелку Лукаку.

Тука се и комбинациите на стрелец на гол и кој тим ќе победи, а може да се типува и на тоа кој фикс ќе биде актуелен по 15 минути, по 30 минути или по 60 минути игра.

За нестрпливите може да типуваат и на почетен удар, на прв аут, прв корнер, прв жолт картон или прва замена. Може да се типува и на интервалот во кој ќе биде даден првиот погодок, а тука се и игрите поврзани со статистиката.

Може да прогнозирате за вкупно изведени корнери, жолти картони, офсајди и фаули. Интересни се понудите за тоа како ќе се реши шампионот. Интер да победи во дополнителните 30 минути е со квота 20, а Манчестер сити да се радува на пенали е со квота 15, додека Нераѕурите да станат шампиони на пенали е со квота 14. Најреална опција е победникот да биде решен во регуларните 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести