Покажи се како мајстор за Европско и освој Apple iPhone 12!

Покажи се како најдобар МАЈСТОР ЗА ЕВРОПСКО и освој го новиот Apple iPhone 12 64GB Black со новата бесплатна игра на Sport Life обложувалници. Бесплатната игра се спроведува преку официјалниот профил на Facebook на најдобрата обложувалница во Македонија и е достапна за сите полнолетни корисници кои се фанови на страницата на Sport Life.

Најдобрите тројца мајстори ќе добијат фантастични подароци, како веќе споменатиот „ајфон“ за првото место. За второпларисаниот учесник се доделува официјален дрес на македонската фудбалска репрезентација, додека ваучер во вредност од 1.000 денари на Sport Life е предвиден за третиот најдобар мајстор за Европско.

Правилата за учество се едноставни. Пријавата е со вашето вистинско име и презиме и притоа да имате повеќе од 18 години. Секој Facebook корисник треба да одговори точно на прашањето за различни игри за еден натпревар секој ден кога се игра натпревар на Европското првенство (22 дена, 22 натпревари).

Секој точен одговор се бодува со 10 поени, најбрзите 10 учесници со точен одговор добиваат дополнителни бодови редоследно, за првиот најбрз 10 поени (20 вкупно), вториот најбрз 9 (19 вкупно) и така до десеттиот најбрз учесник, кој добива 1 дополнителен бод. Сите останати учесници по десеттиот добиваат 10 бода.

Табелите со најдобро пласираните 10 корисници и со сите корисници кои освоиле бодови ќе бидат прикажани на страницата МАЈСТОР ЗА ЕВРОПСКО и ќе се освежуваат секој ден.

Во случај најдобро пласираните да имаат еднаков број бодови, подобар ќе биде корисникот кој бил побрз во типувањата на издвоените натпревари.

Се типува до почетокот на натпреварот, во следниот формат:

● 0-0 0-0 или 0-0 1-1 или 0:0 0:0 или 0:0 1:1 (ДОМАЌИН – ГОСТИН) – за точен резултат на ПОЛУВРЕМЕ И НА КРАЈ (регуларни 90′) – ВО ЕДЕН РЕД.

● 0-0 или 0:0 (ДОМАЌИН – ГОСТИН) – за точен резултат на крај на натпреварот (регуларни 90′) – ВО ЕДЕН РЕД.

● 08 или 15 или 45 или 62 или 90 – за минута во која ќе падне првиот гол. 45 и 90 се смета за точен одговор иако голот е постигнат во судиското продолжение на првото или второто полувреме – ВО ЕДЕН РЕД.

● 00 ако сакате да типувате дека нема да има гол на натпреварот – ВО ЕДЕН РЕД.

● 02 или 03 или 08 или 12 за број на корнери и/или број на картони на натпреварот (за картони се бројат заедно и жолти и црвени) – ВО ЕДЕН РЕД.

● 02 или 03 или 08 или 12 за број на удари во рамки на гол/удари надвор од голот на натпреварот – ВО ЕДЕН РЕД.

● 02 или 03 или 08 или 12 за број на фаули на натпреварот – ВО ЕДЕН РЕД.

Покажете го своето знаење на фудбалската игра и натпреварувајте се со другите фанови, во игра сте за iPhone 12!

- Оглас -

Најнови вести