Покетино е на излезна врата од Челзи, на „Стемфорд бриџ“ веќе се бара неговата замена

Екипата на Челзи игра катастрофална сезона, па и покрај големите средства кои беа вложени во екипата, тие се далеку од препознатливото ниво од пред неколку сезони. Тимот од „Стмефорд бриџ“ во моментов е на 11-тата позиција само со 35 поени од 25 натпревари, но се чини дека поразот од Ливерпул во финалето на Лига купот на Англија ја прели чашата кај раководството.

Сопствениците на Челзи веќе започнале да ја бараат замената за Маурисио Покетино, кој во клубот пристигна во јули минатата сезона. Речиси сигурно е дека тој ќе си замине во јуни, но тоа може да се случи и многу порано, во текот на сезоната, но сè ќе зависи од резултатите на следните натпревари.

Прв пик за нов тренер на Челзи е предводникот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, но дури и тој тешко дека ќе прифати да дојде во екипа која нема да игра во фудбалска Европа следната сезона. Сепак, последната шанса за Челзи да дојде до европските клупски натпреварувања е англискиот ФА куп, но само доколку дојдат до трофејот.

- Оглас -

Најнови вести