Покетино е пред тренерски камбек но во клуб во којшто никој не го очекуваше

Маурисио Покетино минатата сезона не успеа да ја донесе титулата од Лигата на шампионите во Пари Сен Жермен.

Аргентинецот беше поврзуван со ангажман во Премиер лигата, па се споменува и како евентуален заменик на Масимилијано Алегри во Јувентус, но очигледно е дека од тоа нема ништо.

Покетино денеска ќе има преговори со раководството на Ница, тим кој донесе доста засилувања, но нема старт на сезоната каков што се очекува.

По осум одиграни кола, тимот има исто толку бодови и се наоѓа на 13-то место, а со вакви резултати јасно е дека Луцијан Фавр, кој е актуелен тренер, набргу ќе добие и отказ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести