Покетино по првиот освоен трофеј: Ова е само почеток

Со реализираниот пенал на Нејмар во финишот од мечот против Марсеј за 2-1, ПСЖ го одбрани трофејот во францускиот Суперкуп, односно го освои по осми пат во низа, додека за Маурисио Покетино значеше трв трофеј во тренерската кариера.

Аргентинскиот стратег само во својот трет натпревар како предводник на Светците се закити со одличје, што е одличен почеток на неговата авантура во Париз, по што истакна дека ова е само почеток на една успешна соработка.

„Не би можел да бидам повеќе горд бидејќи тука сум само две недели, а напорно работевме за да оствариме позитивен резултат во овој меч. Ова е само почетокот на една соработка која може да биде многу успешна со труд и уште повеќе вложување. Играчите ја заслужија оваа награда, им благодарам што се потрудија за краток период да се адаптираат на мојата замисла. Секако, за овој успех голема заслуга има и Томас Тухел заедно со неговиот стучен штаб, тие освојуваа титули и стигнаа до оваа позиција“, посочи Покетино.

- Оглас -

Најнови вести