НБА-ветеранот Пол Џорџ ќе стане нов член на Филаделфија сиксерс. Деветкратниот олстар ќе потпише четиригодишен договор вреден 212 милиони долари со Сиксерс, каде што го чекаат минатогодишниот МВП, Џоел Ембид и новопечениот кандидат Тајрис Макси.
И Ембид и Џорџ се меѓу најдобрите играчи на денешницата без трофеј, па веројатно ова ќе биде последна шанса со здружени сили да стигнат до шампионски прстен.
Минатата сезона Пол Џорџ запиша 22,6 поени, 5,2 скока и 3,5 асистенции за Лос Анџелес клиперс. Во својата кариера играше и за Индијана пејсерс и Оклахома Сити тандер.