Пол позицијата за Ферари, Верстапен пцуеше ли пцуеше на крајот

Шарл Леклер имаше најбрзо време во квалификациите и утре ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Сингапур. За Леклер ова е 18-та пол позиција во кариерата, потврдувајќи дека Ферари уште не се откажува од титулата за оваа сезона.

Во една возбудлива завршница, зад Леклер се најде Перез кој заостана само 22 илјадитинки, додека трет е седумкратниот светски првак Хамилтон. Веднаш до Хамилтон ќе биде Сајнц, а во Топ 10 се најдоа и Алонсон, Норис, Гасли, Верстапен, Магнусен и Тсунома.

Најголемо изненадување е осмата позиција на актуелниот првак Верстапен кој во последниот круг доби наредба од инжинерите во тимот дека треба да влезе во боксот, а не да брка време за пол позиција. По оваа наредба, Холанѓанецот почна да негодува и да пцуе, прашувајќи зошто не може да се бори за пол позицијата, но не доби одговор.

 

- Оглас -

Најнови вести