Пол Сколс одличен прогнозер, одамна погоди кој ќе игра финале во ЛШ (Видео)

Навивачите на Интер одеднаш го засакаа Пол Сколс откако се појави видео од пред неколку месеци во кое легендата на Манчестер јунајтед и англискиот фудбал точно ги погоди финалистите во Лигата на шампионите, а за финалето прогнозираше победа на Интер.

Пред да почнат четвртфиналињата, Сколс даде свои прогнози и ги погоди речиси сите, направи само една утка, типуваше на Реал Мадрид против Арсенал. Сколс погоди дека ПСЖ ќе ја елиминира Астон вила и дека ќе дојде до финале, погоди дека Барселона ќе ја елиминира Борусија Дортмунд, дека Интер ќе го исфрли Баерн Минхен, како и дека Интер ќе ја елиминира Барса.

За финалниот меч помеѓу ПСЖ и Интер на 31 мај во Минхен, Сколс типува победа на италијанскиот тим.

Погледнете го видеото кое стана вирално и ги израдува фановите на Интер:

- Оглас -

Најнови вести