Барселона го плати Франсиско Тринкао 31 милиони евра во зимскиот преоден рок и го остави во Брага да ја доигра сезоната, а оттогаш 20-годишниот напаѓач блеска и постигнува неверојатни голови.
Откако и формално стана член на шпанскиот гигант, постигна 8, кој од кој поубав, а ремек-дело беше и вчерашниот против Гимараиш.
Тринкао не се двоумеше многу и со технички совршено изведен удар го погоди аголот на гостинскиот гол со што израмни на 2:2.
Брага победи со 3:2 и е блиску до нов настап во Лигата на Европа, но 20-годишниот португалски талент има поинакви планови и ќе игра во Лигата на шампионите со Барселона.
Каталонците размислуваа да го пратат Тринкао на нова позајмица, но голгетерот на ЕП за играчи до 19 години во 2018 сè повеќе ги пишмани да го вклучат сериозно во својот состав веќе од ова лето.
Франсиско потпиша петгодишен договор со Барселона, што важи од 1 јули, а дека е голем талент, потврдува и неверојатната отштета од 500 милиони евра што е вклучена со анекс при потпишување на договорот.