Политиката е опасна, може да ги скара и најблиските пријатели, доказ се Ромарио и Бебето!

Бразилските фудбалски легенди Ромарио и Бебето, коишто играа во тандем во нападот кога Кариоките го освоија Светското првенство во 1994 година, од најблиски пријатели, сега се смртни непријатели.

Причина за кавгата е политиката. Ромарио му се налути на „предавникот“ Бебето што преминал од една во друга партија и сега не сакаат да се видат, нешто што беше незамисливо до пред некое време.

Ромарио е на страната на експретседателот Жаир Болсонаро, додека Бебето премина на страната на Лула, кој е актуелен претседател на Бразил.

- Оглас -

Најнови вести