Полјаците доминираа во Гармиш Партенкирхен, турнејата крајно неизвесна

Полјакот Давид Кубацки е победник на денешното натпреварување во скијачки скокови кое традиционално секоја година се одржува на 1 јануари во германскиот ски-центар Гармиш Партенкирхен. Полјаците денеска освоија три од првите четири места.

Кубацки до победата дојде благодарение на феноменалниот лет од 144 метри во втората серија, што е нов рекорд на легендарната скокалница. Второто место му припадна на Халвор Гранеруд од Норвешка, а третата и четвртата позиција ги освоија сонародниците на Кубацки, Пјотр Жила односно Камил Штох, додека во топ 5 се најде и Германецот Карл Гајгер кој победи во Оберстдорф.

Во генералниот пласман на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, по два настапи води Гранеруд, со 4 поени предност во однос на Гајгер, а трети е Штох со 2,7 поени помалку од Гајгер. Блиску е и Кубацки кој сега е на само1,9 поени зад Штох.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести