Полјаците со борбени авиони беа испратени во Катар (Видео)

Фудбалската репрезентација на Полска безбедно пристигна во Катар и може да ги започне последните подготовки пред мундијалските возбудувања. На пат кон Катар, полската експедиција беше испратена во придружба на борбени авиони Ф16.

Ваквата одлука, покрај авионот во коишто беа фудбалерите, да летаат и воени авиони е како дел од безбедносната постапка, посебно по двете бомби кои пред некој ден паднаа на територија на Полска, а убија двајца цивили. Бомбите кои паднаа во местото кое е непосредно до границата со Украина предизвика голема паника и во НАТО, па да нема нова случајна трагедија, авионот на фудбалерите беше максимално заштитен.

На Мундијалот во Катар, Полска е во групата Ц заедно со Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести