Полни трибини во Струмица, голема поддршка од „Комити“ за Вардар (Фото)

Фудбалерите на Вардар и Детонит Плачковица играат за последниот прволигашки билет за следната сезона. Последните 90 минути од оваа фудбалска сезона кај нас се играат на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Трибините се исполнети, Вардар има голема поддршка од својата навивачка група, „Комити“, и голем мотив за опстанок во прволигашката конкуренција и следната сезона.

Вардар минатото лето се врати во Првата лига, откако како второлигаш го победи Скопје во баражот со 3-0 во Кавадарци.

- Оглас -

Најнови вести