НБА ол-стар викендот ќе го достигне својот зенит вечерва, кога најголемите ѕвезди на лигата ќе ги одмерат силите во целосно нов формат.
По возбудливата саботна програма, во која љубителите на кошарката уживаа во натпреварите во вештини, тројки и забивања, сега е време за главниот настан, Олстар натпреварот на сите ѕвезди.
Овогодишниот oл-стар носи мини-турнир со четири тима, што дополнително ќе ја зголеми натпреварувачката атмосфера.
Никола Јокиќ го предводи тимот на Чарлс Баркли, каде што се и Шеј Гилџес-Александер, Виктор Вембањама, Донован Мичел и Паскал Сијакам. Главните конкуренти доаѓаат од тимот на Шекил О’Нил, каде што Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурант се подготвени да ја докажат доминацијата на американските ветерани.
Во борбата за трофејот ќе учествуваат и тимот на Кени Смит, составен од млади таленти, додека четвртиот тим ќе биде победникот од натпреварот „Ѕвезда во подем“. Ќе има три натпревари – две полуфиналиња и големото финале, а сите мечеви ќе се играат до 40 поени.
Покрај престижот, oл-стар дуелот сега носи и парични награди. Секој играч од победничкиот тим ќе заработи 125.000 долари, финалистите ќе добијат по 50.000, додека третопласираниот и четвртопласираниот тим ќе се задоволат со по 25.000 долари.
Дополнително, за првпат натпреварите ќе ги коментира специјален „ем-си“ од теренот – Кевин Харт, чии духовити коментари ќе ја зачинат атмосферата.
Секако, дополнителна возбуда носи понудата во Sport Life. Имате „скоцкано“ одлична понуда со големи квоти и сѐ уште имате доволно време да уплатите и да си осигурате забава до раните утрински часови.
