Половина од осминафиналистите во ЛШ се од Англија и Германија

Англиските и германските клубови ќе бидат најзастапени во осминафиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони. Премиер и Бундеслигата ќе имаат дури по четири тима во првата нокаут-рунда, што значи половина од екипите при ждрепката ќе бидат од овие две земји.

Јасно е дека во осминафинале се Ливерпул, Манчестер сити, Челзи и Тотенхем од англиските, а Баерн, Ајнтрахт, Борусија Дортмунд и Лајпциг од германските. Само Баер Леверкузен не успеа да влезе во осминафиналето.

Италија ќе има веројатно три тима, Португалија дефинитивно има два, а Шпанија, Белгија и Франција по еден.

Поради ограничувањето дека не може во осминафинале еден против друг да играат тимови од иста земја, а првите ќе вкрстуваат со второпласираните, Баерн Минхен ќе има само четири можни ривали во осминафиналето: Ливерпул, најверојатно Милан, Бенфика и Клуб Бриж.

- Оглас -

Најнови вести