Полска им се поклони на солзите на голманската легенда Фабијански (Видео)

Со солзи во очите и бакнување на државниот грб на дресот, голманот Лукаш Фабијански се прости од настапите за репрезентацијата на Полска. Фабијански на мечот со Сан Марино, излезе од игра во 57-ма минута и доби овации од публиката, а останатите полски фудбалери му направија почесен шпалир додека тој полека го напушташе теренот.

Не е случајно одбрана 57-мата минута, бидејќи 36-годишниот чувар на мрежата на Вест Хем, се повлекува после 57 настапи на голот на националниот тим.

Вака изгледаше Фабијански кога сфати дека веќе никогаш нема да брани за Полска:

- Оглас -

Најнови вести