Додека Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригес живеат на висока нога и водат луксузен живот, полусестрата на Шпанката се бори со сиромаштија.
Патрисија Родригес откри дека никогаш не добила помош од својата полусестра Георгина и веќе три години нема постојано живеалиште и живее под кирија.
„Јас сум без пари и мојата полусестра не ми помага. Најмногу ме боли поради моите деца, а не поради мене. Јас можам да се снајдам и да преживеам со парче леб, но што е со децата кои се нејзини внучиња. Не го очекував ова од неа“, изјави Патрисија за шпанската емисија „Сосијалите“.
Таа открива дека има доволно средства само да ги нахрани децата и да ја плати киријата иако понекогаш има мака да дојде и до тие неопходни финансиски средства. Патрисија вели дека Георгина ги прекинала сите контакти по смртта на татко им во 2019 година.
„Потребна ми е помош Георгина, ти си моја сестра.Знам дека немаш никаква обврска или одговорност, но бидејќи поддржуваш други луѓе и си добра кон нив, барем биди исто така добра кон твоите внуци. Ако не сакаш да ми помогнеш мене, барем помогни им ним“, јавно побара Патрисија.
Неодамна беше објавен документарен филм за животот на Георгина Родригес, во кој никаде не се споменува Патрисија, туку само нејзината сестра Ивана.
Патрисија и Георгина имаат ист татко, а различни мајки. По смртта на мајката на Патрисија, таа замина да живее со полусестрите и татко и ѝ вели дека отсекогаш чувствувала дека не ја прифаќаат.