Полувреме: Баерн и Фламенго постигнаа по два гола, но „баварците“ имаат +2 (Видео)

Баерн Минхен и Фламенго одиграа вистинска голеада во првото полувреме од четвртфиналето на Светското клупско првенство. Двете екипи постигнаа по два гола, но „баварците“ имаат водство од 3-1, бидејќи еден од головите на Бразилците всушност беше автогол.

Токму автоголот на Пулгар во шесттата минута донесе водство за Баерн Минхен од 1-0, а Хари Кејн само четири минути подоцна погоди и за водство од 2-0 за „баварците“.

Надеж за Фламенго донесе Жерсон во 33-тата минута со вистински еврогол, откако ја заби топката во голот на Нојер.

Третиот гол за „баварците“ беше дело на Горецка во 41-вата минута.

Победникот од овој меч за противник во четвртфиналето на клупскиот Мундијал ќе го има ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести