Полувреме: Хрватска и Велс имаат водство, патникот на ЕП ќе се одлучува во второто полувреме (Видео)

Најголеми возбудувања вечерва има во групата „Д“ од квалификациите за пласман на Европското првенство. Воедно оваа група е и единствената која одлучува која репрезентација ќе се пласира на првенството во Германија.

По првите 45 минути и Хрватска и Велс имаат водство од по 1-0 против Ерменија, односно Турција. Во моментов Хрватска е во пол-позиција, но доколку Хрватите не успеат да победат, а Велс ја задржи предноста, тогаш селекцијата од Островот ќе оди на Европското првенство.

Хрватска поведе со голот на Анте Будимир во 43-тата минута, додека Велс има водство со голот на Нечо Вилијамс уште од седмата минута.

Резултати на полувреме:

Андора – Израел 0-1
Хрватска – Ерменија 1-0
Гибралтар – Холандија 0-3
Грција – Франција 0-1
Косово – Белорусија 0-1
Романија – Швајцарија 0-0
Велс – Турција 1-0

- Оглас -

Најнови вести