Полувреме во ЛШ: Мрежите мируваат, Куртоа го држи Реал во живот (Видео)

Последните патници во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се одлучуваат во второто полувреме, откако по првите 45 минути во Мадрид и Милано, мрежите мируваа.

Реал Мадрид и Арсенал играат без голови, 0-0, по првото полувреме, па Кралевите се далеку од пласман во полуфиналето и достигнување на оние 3-0 кои ги имаат Топчиите од првиот меч. Сепак, Бакајо Сака ја имаше судбината на Реал Мадрид во свои нозе, но во 13-тата минута не успеа да реализира пенал откако неговиот удар од белата точка го одбрани домашниот голман Тибо Куртоа.

Интер успешно ја брани предноста од 0-1 која ја има од првиот меч во Минхен, а Баерн се обидува да го пронајде патот до мрежата на Јан Сомер. Баварците имаат повеќе од играта, повеќе удари кон голот на противникот, но гледачите на „Џузепе Меаца“ не видоа гол во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести