Полувреме во ЛШ: Наполи веќе може да мисли на осминафиналето, Ди Марија погоди директно од корнер (Видео)

Екипата на Наполи има убедливо водство од 2-0 против Брага по првото полувреме и само 45 минути ги делат од пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, првото полувреме го следеше од клупата за резерви, а шампионот на Италија поведе преку автоголот на Сердар Саатџи во деветтата минута. На 2-0 зголеми Виктор Осимен во 33-тата минута.

За да мине во следната фаза, на Наполи потребно му е да освои барем бод против Брага.

Вториот натпревар на којшто има погодоци во првото полувреме е оној во Австрија, на кој Салцбург губи со 0-2 од Бенфика, откако Анхел ди Марија во 32-рата минута погоди директно од корнер, а Рафа Силва во првата минута од судиското надополнување на времето на првото полувреме зголеми на 0-2, резултат кој ги носи Португалците во Лигата на Европа доколку успеат да ја зачуваат оваа предност од два гола разлика.

Последниот натпревар на којшто има погодок е оној во Берлин, на којшто Унион води со 1-0 со погодокот на Фоланд во втората минута од судиското продолжение, откако само две минути претходно Лука Модриќ не успеа да реализира пенал.

Резултати – полувреме:

Копенхаген – Галатасарај 0-0
Интер – Реал Сосиедад 0-0
Манчестер јунајтед – Баерн Минхен 0-0
Наполи – Брага 2-0
Салцбург – Бенфика 0-2
Унион Берлин – Реал Мадрид 1-0

- Оглас -

Најнови вести