Помалку лошите пеналџии на Барса обезбедија финале во шпанскиот Суперкуп

Играчите на Барселона промашуваа помалку од ривалите од Реал Сосиедад, па каталонскиот гигант обезбеди финале во Суперкупот.

Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, во продолженијата немаше голови, па се шутираа пенали во Кордоба.

Стартот беше катастрофален, првите тројца изведувачи на ударите од белата точка промашија, а полоши беа играчите на Реал Сосиедад. Ги утнаа првите три пенали, па иако и лошите изведувачи од противничкиот тим им даода шанса за камбек со два утнати пенали, не успеаја да се пласираат во финалето на Суперкупот.

За тимот од Сан Себастијан во пенал-рулетот промашија Џон, Ојарзабал и Вилијан, а прецизни беа Мерино и Јанузај, додека за Барселона прецизни беа Дембеле, Пјанич и Пуџ, а утнаа Де Јонг и Гриезман, што ги одведе Каталонците во финале.

Утре во Малага во второто полуфинале ќе играат Реал Мадрид и Атлетик Билбао, а финалето е закажано за 17 јануари во Севилја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести