Поминаа точно 16 години од едно од најголемите чуда во фудбалот!

Датумот 4 јули 2004 година со златни букви останува запишан во фудбалската историја на Грција. Тоа е денот кога репрезентацијата на Грција ја победи Португалија во финалето на Европското првенство и се искачи на континенталниот трон. Блеснаа златните медали на градите на фудбалерите кои беа анонимуси во однос на големите ѕвезди кои играат на Стариот континент.

Предводени од Никополидис, Сеитаридис, Капсис, Делас, Фисас, Кацуранис, Загоракис, Басинас, Харистеас, Јанакопулос и Вризас со Ото Рехагел како селектор, Грција направи чудо кое уште долго време ќе се памти и тоа не само во европскиот туку и во светскиот фудбал.

Континенталниот собир се играше во Португалија, а домаќините заедно со секогапш опасните Франција, Холандија, Англија, но и Чешка беа во потесниот круг на фаворитите. Никој не ни ја спомнуваше Грција како можен освојувач на златото, а на крајот тоа се случи.

Во првото коло, Грција го шокираше домаќинот Португалија so 2:1 и најави дека тоа ќе биде нивни историски турнир.  Потоа следуваше ремито против Шпанија (1:1), а поразот од Русија (2:1) во последното коло не беше опасен затоа што Грција си обезбеди место во нокаут фазата.

Во групната фаза испаднаа фаворитите Германија и Италија, па тоа како да беше најава дека е можно чудо. Во четвртфиналето, Грција играше против Франција. Галските петли беа фаворити, но одбранат ана Грција беше гранитна. Тактиката да не се прими гол, а по едно невнимание на противникот да се затресе мрежата на ривалот се покажа како шампионска.

Харистеас погоди во 55 минута за победа на Грција против Франција, а потоа следуваше дуел против Чешка. По 90 минути беше 0:0, за да во 105 минута Трајанос Делас погоди за победа на Грција и место во финалето.

Како што започна, така и заврши европското првенство 2004 година, со шокантна победа на Грција против домаќинот Португалија. Предводени од Кристијано Роналдо, Португалците веруваа дека нема да го повторат киксот од првото коло во групната фаза и нема да го потценат противникот. Сепак, одбраната на Грција беше челична. Едноставно непробојна за сите европски ѕвезди.

Во 57 минута од финалето по еден корнер, Грците со голот на Харистеас поведоа со 1:0 и а тоа на крајот се покажа дека е погодок вреден шампионска титула. Чудото се случи Грција стана европски првак, а Кристијано Роналдо не можеше да престане да плаче. Оваа титула на Грција ќе се памти и ќе биде потсетник дека сите чуда се возможни само треба да се верува во нив.

https://youtu.be/rNHYeCn7Ym0

 

- Оглас -

Најнови вести