Реал Мадрид ја победи Валенсија со 2-0, головите ги дадоа Бензема и Крос во првото полувреме со убави шутеви од полудистанца, а Кралскиот клуб можеше да триумфира и поубедливо, но третиот гол кој го даде бекот Ферлан Менди беше поништен поради офсајд.
Повторената снимка покажа дека на Менди во недозволена позиција му беше задниот дел од ногата, а не предниот, како во 99 отсто од случаите.