Понижувањето на Барса какво што не е видено 74 години, ќе го плати Сетјен

Барселона првпат од 1946 година прими осум гола на еден натпревар. Цели 74 години изминаа од неверојатниот пораз од 8-0 против Севилја, а Баерн вчера буквално го понижи каталонскиот гигант.

Сметката за фијаското ќе ја плати Кике Сетјен, управата веќе одлучила да му врачи отказ на стратегот. Неговата судбина се знаеше од претходно, само титула во Лигата на шампионите ќе му ја работата на „Камп ноу“, меѓутоа вакво сценарио ретко кој, а можеби никој не очекуваше.

Инаку, Баерн Минхен е првиот тим кој постигнал осум гола на еден меч од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

За Лионел Меси, ова е дефинитивно најтешкиот пораз во кариерата. Претходно дебакл претрпе со Аргентина во 2009 година во поразот од 6-1 против Боливија, но ова е двојно поголем срам.

- Оглас -

Најнови вести