Понуда од 178 милиони евра за Ван Дајк!

Како гром од ведро небо се појави информацијата дека Ливерпул наводно ќе добие понуда од 178 милиони евра (150 милиони фунти) за Вирџил Ван Дајк. Тврдењата на „The Sun“ англискиот медиум се дека италијанскиот првак Јувентус ќе ја започне оваа невоможна мисија следното лето, со намера да го направат Холанѓанецот најскап дефанзивец во историјата на фудбалот – по вторпат.

Наводно, од таборот на Јувентус се надеваат дека Ван Дајк би се заситил од својот престој на „Енфилд“ доколку Црвените ја освојат шампионската титула во Англија сезонава, што е многу веројатно бидејќи тимот на Јирген Клоп е неприкосновен лидер во Премиер лигата со 22 бода предност во однос на второпласираниот и актуелен бранител Манчестер сити.

Ван Дајк во изминативе две сезони двапати играше во финалето од Лигата на шампионите – едното го загуби од Реал Мадрид, а во јуни минатата година го крена „пехарот со големи уши“ по триумфот над Тотенхем. Титула во Премиер лигата може да значи дека Ван Дајк би побарал нов предизик, што ѝ одговара на Старата дама која продолжува да гради супер-тим околу Кристијано Роналдо.

Инаку Ван Дајк веќе беше најскап стопер во фудбалот по неговиот трансфер од Саутхемптон во Ливерпул вреден 84 милиони евра (70 милиони фунти), но неговиот рекорд го урна Хери Мегваер со преселбата на „Олд трафорд“ за 87 милиони евра (73 милиони фунти).

- Оглас -

Најнови вести