Попович ги пофали Србите и Ѓорѓевиќ

САД денес го претрпе вториот последователен пораз на Мундобаскетот, избраниците на Грег Попович потфрлија против селекцијата на Србија во репризата од последното финале на СП, но овојпат се бореа во квалификациите од петто до осмо место.

По мечот, предводникот на Американците имаше само пофални зборови за тимот на Александар Ѓорѓевиќ.

„Во нивната екипа владее огромно искуство. Импресиониран сум што се држат до нивниот цврст карактер и многу се упорни во тоа. Токму сега го видовме вистинскиот пример за нивниот карактер. Ѓорѓевиќ одлично си ја врши работата. И не само што поседуваат огромен талент, туку и играат во фанстастичен ритам. Во секој нивен напад има барем по еден играч слободен, нивната транзиција им е најопасно оружје“, истакна Попович по мечот.

САД за два дена ќе се соочи со Полска во битката за седмото место на Мундобаскетот, додека Србија истиот ден ќе ги одмери силите со Чешка за петтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести