Популарни цени за дуелот Македонија – Белгија, продажбата ќе започне денеска

Од денеска попладне треба да започне продажбата на билетите за дуелот меѓу Македонија и Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Мечот против една од најсилните селекции во Европа ќе се игра на 6 јуни, на Арената „Тодор Проески“, а селекторот Благоја Милевски ветува дека нашата селекција нема да се предаде против фаворитот.

Од Фудбалската федерација на Македонија брифираа дека билетите за овој меч ќе се движат по цена од 300 до 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести