Поради Челзи, Динамо може да оствари уште една профитабилна продажба

Рен не губи време за наоѓање замена за Едуар Менди, првиот голман на екипата кој веќе е во Лондон на медицински прегледи и наскоро ќе го комплетира трансферот во Челзи. Францускиот прволигаш веднаш најде замена за Сенегалецот, и тоа на Балканот.

Одредени француски медиуми тврдат дека Рен нуди 10 милиони евра за чуварот на мрежата на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ. Хрватот, кој има 25 години и запиша повеќе од 140 настапи за Модрите, го очекува трансфер во француската Лига 1, а за Динамо тоа значи нов профит, со оглед на тоа дека наскоро ќе добие 19 милиони евра отштета за младиот стопер Јошко Гвардиол, кој треба да го засили Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести