Поради голманот Перин, Наполи – Џенова нема да играат утре од 15, одреден е нов термин

Натпреварот од италијанската лига помеѓу Наполи и Џенова, нема да се игра од 15 часот како што претходно беше закажано, туку ќе стартува во 18 часот. Поместувањето од три часа е направено откако голманот на Џенова, Матија Перин, имаше позитивен резултат на тестирањето за Ковид-19, па сите негови соиграчи, меѓу кои и Горан Пандев, ќе мора да се тестираат уште еднаш пред патувањето во Неапол.

За тимот од Џенова му е дадено време од неколку часа плус за добивање на резултатите од тестирањето, и потоа, најверојатно утре претпладне експедицијата ќе замине во Неапол. Голманот Перин нема да биде во екипата на Џенова.

- Оглас -

Најнови вести