Поради ударот со топчето во судијката, Ѓоковиќ остана и без 260.000 долари!

Според правилникот на САД Опен, дисквалификуваниот Новак Ѓоковиќ нема да може да ги подигне 250.000 долари кои ги имаше заработено со пласманот во четвртото коло на Грен слемот во Њујорк. Тоа е сумата која му следува на секој тенисер кој ќе стигне до оваа фаза од натпреварувањето, но Србинот остана без премијата поради само еден непромислен потег.

Поради ненамерното удирање на судијката со топче директно во грлото, Ѓоковиќ беше дисквалификуван, што е прв пат во историјата еден светски рекет број 1 на ваков начин да заврши настап на Грен слем.Освен што нема да ги добие парите од играњето, Ноле ќе плати и дополнителни 10.000 долари, што значи дека останува покус за вкупно 260.000 долари.

Според некои пресметки, топчето ја удрило судијката со брзина од околу 130 километри на час.

И порај големата парична сума, најголемата казна за Ноле е фактот дека нема да може да го освои овој турнир и да се доближи до Роџер Федерер и Рафаел Надал кои се единствени со повеќе Грен слем титули од Србинот.

 

- Оглас -

Најнови вести