Кристијано Роналдо никако не може да се помири со фактот дека Лука Модриќ, а не тој, е најдобар фудбалер во светот. Капитенот на хрватската репрезентација беше избран за најдобар, додека Роналдо заврши на второто место во изборот на ФИФА. Ист беше случајот и во изборот на УЕФА и „Франс Фудбал“.
Од музејот каде што се чуваат сите важни трофеи кои Роналдо ги има освоено, на социјалните мрежи излезе интересна порака. „Овие трофеи не може да бидат украдени. Тука е нашиот аларм“, стои на постот со колаж-фотографии од трофеите на Португалецот.