Дејан Георгиевски заслужува да има достоен пречек кога ќе дојде во Македонија, а за тоа потсети и Дарко Костовски, кој беше дел од тимот кој стигна до историскиот успех на ЛОИ во Токио.
Костовски порача дека очекува да има убав дочек на плоштадот, а анализираше и дека во финалето судиите не досудиле чист удар во глава, за кои Дејан би требало да добие три поени. На крајот, освоеното сребро е историско затоа што е прво во самостојна Македонија на ЛОИ.
Најавата е дека Георгиевски в четврток ќе пристигне во Македонија.