Македонскиот херој Георгиевски задутре си доаѓа дома

Дејан Георгиевски со сребро на своите гради ќе си замине од Олимписките игри во Токио. Македонскиот таеквондо репрезентативец во категоријата над 80 килограми беше дел од финалето, кое, за жал, го загуби од рускиот натпреварувач Владислав Ларин.

И покрај тоа што го загуби финалето, Георгиевски направи историски успех затоа што ова е прво сребро за самостојна Македонија на ЛОИ.

Според најавите, Георгиевски задутре ќе треба да се врати во Македонија. Најавено е дека тој ќе слета на скопскиот аеродром во 14:10 часот.

Сигурно дека Георгиевски заслужува златен дочек.

- Оглас -

Најнови вести