Пораки за Модриќ од многу ѕвезди, од Роналдо до Ѓоковиќ, но најдобрата ја има Иско

Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, објави дека си заминува од Кралскиот клуб по завршувањето на Светското клупско првенство и в сабота последен пат ќе игра на „Сантјаго Бернабеу“, а тоа предизвика лавина реакции.

Се јавија многу сегашни и поранешни фудбалери на Реал, но и други ѕвезди од светот на спортот, како Новак Ѓоковиќ, а за „шампион“ за најубава и најемотивна порака може да добие Иско, кој играше со Лука во Реал и сега е во Бетис.

„Да се биде сакан од сите е најтешка работа, а ти успеа со својот фудбал и со тоа каков прекрасен пријател си“, напиша Иско.

Роналдо и Модриќ играа заедно за мадридскиот клуб од 2012 до 2018 година.

„Ти благодарам за сè, Лука! Беше чест да споделам толку многу моменти со тебе во клубот. Ти посакувам успех во сè што те очекува во иднина“, коментираше Кристијано.

 

- Оглас -

Најнови вести