34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Поранешен фудбалер на Атлетик Билбао уапсен за шверц на дрога, му се заканува затворска казна

Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао, Хесус Емилио Диес де Миер или познат едноставно како Чучи, е уапсен од шпанската полиција во близина на Кадис при рутинска контрола.

Тој уште во 2015-тата година беше осуден на затворска казна од девет години поради шверц на кокаин од Аргентина во Шпанија, а дури девет години успеваше да ѝ се сокрива на полицијата. Кога бил сопрен се претставил со лажен идентитет, но подоцна е утврдено дека се работи за Чучи.

Неговата криминална група успеала да прошверцува тони кокаин, а според шпанските медиуми соработувал и со други фудбалери, но нивниот идентитет не се открива.

Чучи освен за Атлетик Билбао, настапуваше и за Леида, Херкулес и Елкано.

- Оглас -

Најнови вести