Поранешен фудбалер на Барселона: „Ако одам во Саудиска Арабија, значи не го почитувам фудбалот“

Поранешниот фудбалер на Барселона, а сега член на францускиот Лил, Самуел Умтити, наскоро ќе се врати на фудбалските терени откако успешно закрепнува од повредата. Тој минатата сезона ја мина како позајмен во Лече, а летово направи трансфер во француското првенство.

„По сè што минав во последните четири години, не можев да си дозволам да не го почитувам фудбалот и да одам во Саудиска Арабија. Поради тоа се вратив во Франција, бидејќи сакам да продолжам да работам и да напредувам. Во Лече веруваа во мене, таму си ја вратив вербата во себе и во фудбалот. Сепак, не останав таму. Сакав да останам во Европа и Лил се покажа како одличен избор за да се вратам на своето највисоко ниво. Сакам да се вратам и во репрезентацијата на Франција, но прво морам да се докажам во Лил“, вели Умтити.

- Оглас -

Најнови вести