СпортМанија во Раденци, Словенија
Додека фудбалерите на Вардар се подготвуваат во Раденци, Словенија, раководството на клубот е во потрага по соодветни засилувања за остварување на високите амбиции за следната сезона.
Од „црвено-црниот“ табор информираат дека последното странско засилување за клубот ќе биде офанзивец кој настапувал за француски Мец и вредел 1,5 милиони евра, а во својата кариера има настапувано и во второлигашката конкуренција на Франција и Шпанија.
Од Вардар не го откриваат името на фудбалерот додека официјално не биде постигнат и потпишан договор.