Поранешен фудбалер на Реал Мадрид стана актер, неговото име е во игра да го глуми Џемс Бонд

Името на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на холандската репрезентација, Ројстон Дренте се најде во обложувалниците како можен наследник на Даниел Крег во улогата на најпознатиот таен агент Џејмс Бонд.

Шансите на Дренте да ја добие улогата според квотите во обложувалниците се 500, односно за едно вложено евро, заработката би била 500 евра. Интересно е што тој има поголеми шанси да ја добие улогата од Дејвид Бекам, за кого квотата изнесува 1.000.

„Знам дека Даниел Крег наскоро ќе ја напушти улогата на Џејмс Бонд. Дали е тоа мојата следна работа? Мислам дека би морал да го поправам англискиот јазик“, изјави со насмевка Дренте за „Марка“.

Реално, Дренте нема апсолутно никакви шанси да ја добие улогата на Џејмс Бонд бидејќи не го исполнува главниот услов, а згора на тоа има „пеколна“ конкуренција. Досега сите актери кои го глумеле најпознатиот таен агент биле Британци, а најголеми шанси да го наследат Даниел Крег имаат: Хенри Кејвил, Идрис Елба, Том Хадлстон, Џејмс Нортон, Дамсон Идрис, Арон Тејлор-Јонсон.

Името на Дренте на листата се најде бидејќи иако сè уште игра фудбал во холандската трета лига за Козакен бојс, во исто време започна актерска кариера. Неговата прва улога беше да глуми гангстер во холандскиот филм Mocro Maffia.

„Секогаш ѝ велев на мајка ми дека еден ден сакам да станам актер. Тоа е мојот втор сон. Немав никакви проблеми да се пријавам на аудиција за филмот Mocro Maffia. По аудицијата, никој не веруваше дека ова ми е првпат да глумам“, рече Дренте.

- Оглас -

Најнови вести