Поранешниот израелски фудбалер, Лиор Асулин е убиен во вчерашниот напад на Хамас на Израел, објави порталот „Уан“.
Според порталот, Асулин бил убиен од припадните на Хамас додека заедно со пријателите го прославувал 43-тиот роденден во јужниот дел од Израел.
„Околу 50 терористи упаднале во местот кога се организирала забава и убиле многу цивили, вклучувајќи го и 43-годишниот фудбалер“, пишува “Уан“.
Асулин професионалната кариера ја започна во 1997 година во екипата на Макаби Херцлија, а има настапувано и за Макаби Петах Тиква, Бнеи Сахнин, Беитар Ерусалим, Бнеи Јехуд, Хапоел Тел Авив и за Аполон Лимасол.