Поранешен „матурант“ на Барса: Трансферот на Брајтвајт е предавство кон „Ла Масија“

Бојан Кркиќ своевремено важеше за голем талент од школата на Барселона „Ла Масија“, меѓутоа никогаш не го достигна својот потенцијал за разлика од легендите како Меси, Чави, Иниеста, Бускетс, и многу други. Тој смета дека клубот треба повеќе да верува во познатата школа и што повеќе млади играчи да ги промовира во сениорскиот тим.

Играч од калибарот на споменатите великани одмана не се појавил во редовите на актуелниот шпански првак, со исклучок на тинејџерот Ансу Фати на кого му се предвидува блескава кариера поседувајќи го потенцијалот, меѓутоа треба уште да работи за да биде меѓу главните играчи на клубот.

„Барселона порано имаше план кој делуваше. Главна карактеристика на клубот е познатата школа „Ла Масија“, а тие не се потпираат на неа како некогаш. Купувањето на Брајтвајт го докажува тоа. Наместо да посегнат по младо дете од школата кога се повреди Суарес, тие импровизираа и го доведоа Брајтвајт. Тоа е еднакво на предавство на сè што претставува школата и самиот клуб“, вели Кркиќ за шпанските медиуми.

 

- Оглас -

Најнови вести