Поранешен младински репрезентативец на Македонија потпиша за Нови Пазар

Крилниот фудбалер Никола Богдановски (23), кој пред неколку години има настапувано за младите селекции на Македонија за играчи до 18, 19 и 21 година, направи трансфер од Радник Сурдулица во Нови Пазар.

Преминот од еден во друг српски суперлигаш за Богдановски не е ништо ново.

Богдановски е роден во Панчево, бил член на младинската школа на Партизан, има играно за неколку клуба од Србија, меѓу кои и Нови Пазар, па по две години во Радник, ова му е враќање во добро позната средина. Сезонава Богдановски играше на сите пет меча на Радник.

- Оглас -

Најнови вести