Поранешен наркодилер „гази“ во ММА, а неговата последна борба траеше седум секунди (ВИДЕО)

Контроверзниот италијански борец Валтер Пуглиеси оствари нова победа во ММА.

Некогашниот наркодилер, кој воедно го има целото тело истетовирано, го победи Константин Линик од Украина, во борба којашто траеше само седум секунди.

Пуглиеси, кој го има надимакот „Кракен“, тргна агресивно, размислувајќи само на победа, додека неговиот противник веројатно се исплаши од изгледот.

„Кракен“ има скор од осум победи и три порази во неговата ММА кариера.

- Оглас -

Најнови вести