Поранешниот репрезентативец на Белгија, Иломбе Мбојо, е еден од повредените во пукотниците кои го потресоа Брисел минатата седмица. Тој со уште две лица бил цел на атентат, но фудбалерот на Виртон минал само со прострелна рана на раката и во моментов се опоравува.
Според белгиските медиуми, престрелката била помеѓу две ривалски банди, а причината била дрога, но ваквите наводи беа демантирани од бриселската полиција, од каде ја исклучија дрогата како можна причина за пукотниците.
Мбојо во 2012-тата година забележа два настапи за репрезентацијата на Белгија, откако претходно одигра еден натпревар и за ДР Конго, земјата од која потекнува и каде е роден.
36-годишниот фудбалер во својата кариера освен за Виртон, има настапувано и за Шарлоа, Кортријк, Гент, Генк, Серкл Бриж, Ст. Труден и Висе во Белгија, а меѓународна кариера градеше во швајцарскиот Сион, како и во Ал-Раед од Саудиска Арабија.