25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Поранешен репрезентативец на Бразил бил киднапиран заедно со сопругата

Поранешниот бразилски репрезентативец Марселињо Кариока на 17 овој месец бил киднапиран заедно со неговата сопруга на концерт во Сао Пауло. Еден ден подоцна е спасен од полицаец, а на фотографиите кои се објавени може да се види дека бил физички малтретиран.

„Мислев дека ќе нè убијат. Ме прашаа дали некогаш сум играл руски рулет. Ме удираа со пиштол, мислев дека е готово. Само му се молев на Бога за да преживеам. Кога го видов полицаецот, го прегрнав како татко, брат, пријател… Го ризикуваше животот за да не спаси“, вели Марселињо.

Педесет и двегодишниот Бразилец во својата кариера настапуваше за Гламенго, Коринтијанс, Валенсија, Сантош, Гамба Осака, Васко да Гама, Ал-Наср, Ајачио, Брасиленсе и Санто Андре.

- Оглас -

Најнови вести