Поранешната ѕвезда на Милан и ПСЖ остана без клуб, значи ли тоа крај на неговата кариера?!

Џереми Менез своевремено важеше за еден од најголемите таленти на францускиот фудбал, а беше и ѕвезда на екипите на Милан и ПСЖ. Сепак, овој 37-годишен фудбалер веројатно предвреме ја заврши кариерата бидејќи неговиот престој во Бари заврши уште во март, а нема на повидок нов клуб во којшто би продолжил да игра.

Французинот во својата кариера настапуваше и за Сошо, Монако, Рома, Бордо, Анталијаспор, Америка, Париз и Реџина, а вели дека сè што му се случило е поради тоа што не трпи неправди.

„Често бев глупав. Не ми се допаѓаше што пишуваат медиумите за мене, но и јас им помагав во тоа да не се пишува убаво за мене. Можев да бидам помалку идиот. Понекогаш бев глупав, имав лош карактер. Мрзам неправда и многупати прочитав работи за мене кои не беа вистина, но не можев да сфатам дека медиумите само си ја работаат својата работа. Јас знам кој сум и тоа е најважно“, рече Менез за италијанските медиуми без да открие дали воопшто ќе продолжи да игра фудбал.

- Оглас -

Најнови вести