Поранешни соиграчи на Коби се сеќаваат како им ги фрлил патиките по еден пораз (фото)

Великаните како Коби Брајант треба да се паметат по добро. Тој сакаше да го гледаме како добар човек и врвен спортист, стремеше кон тоа во текот на целата своја кариера. Веќе два дена светот тагува за неговата прерана смрт, особено тешко им е на оние кои лично го познаа од НБА-сцената и имаа можност да делат соблекувална со него.

Ник Јанг и Лу Вилијамс своевремено му беа соиграчи на Коби во Лејкерс, а двајцата раскажаа интересна приказна на „Твитер“ во врска со легендата.

„Тој беше првиот човек што ме посети пред и по операцијата на палецот, на сите им го кажувам тоа. Кога се видовме, му кажав дека ќе ја раскажувам приказната како ми ги фрли патиките во канта и тој се насмеа. Не ми се верува дека тоа беше последниот пат кога разговаравме“, напиша Јанг, на што Вилијамс се надоврза: „Претрпевме дебакл во Портланд. По мечот, на сите играчи кои носевме негови патики ни ги зеде и ни кажа дека сме преголеми слабаци за да ги носиме“.

- Оглас -

Најнови вести